Нова ракометна љубов: Икер Ромеро во прегратките на германската репрезентативка Лаура Стаинбах

Ракометниот терен не е само место за борба помеѓу ракометарите,туку и место каде се раѓаат нови љубови а доказ за ова е најновиот пар во ракометниот свет. Капитенот на Фуксе Берлин, шпанецот Икер Ромеро (34), од летото е во врска со германската репрезентативка Лаура Стаинбах (29).Во неделата шпанецот беше на трибините во Лајпциг каде и даваше подршка на својата девојка, која со нејзиниот клуб ФТЦ Будимпешта играше против Лајпциг во финалето од квалификациите од Лигата на шампионите. Блиски извори на двојката велат дека Икер пристигнал со мајката на Лаура. Значи семејните врски се веќе направени, а Лаура ќе го запознае неговото семејство следното лето во Виторија. Исто така тие биле забележани како се држат за рака на аеродромот Тегел.Ромеро кој преттходно беше во врска со ТВ презентерката Анет Сатлер вели:

“Во времето кога бев со Анет, не сум разговарал за врската, па ни сега нема ништо да коментирам, ова е мојот приватен живот.”

Лаура е ќерка на поранешниот претседател на германскиот олимписки комитет Клаус Стеинбах, кој 1972 година освои сребро и 1976 година бронзен медал во пливање на Олимписките игри. Во својата кариера Лаура има 105 меѓународни натпревари за германската репрезентација. Тие за прв пат се сретнаа во Будимпешта, каде што Ромеро беше во посета на неговит другар, ракометната светска ѕвезда, Ласло Наѓ. Лаура ја промени средината ова лето и од Баер Леверкузен замина во Унгарија.

Имено Лаура не е првата ракометарка која е во врска со полуларниот Икер, претходно шпанецот беше во врска голманската легенда Каталин Палингер.