Нова етапа во кариерата и животот: Карачиќ ги почна подготовките со Келце (ФОТО)

Хрватскиот интернационалец Игор Карачиќ по цели седум сезони си замина од Вардар и во новата сезона, како што е веќе добро познато, ќе биде дел од полскиот шампион Келце.

Тој за Полска замина од Македонија, денеска ги мина стандардните лекарски прегледи пред стартот на новата сезона, а вечерва ќе го има и првиот тренинг под водство на Талант Душебаев.

Карачиќ си доби и свое место во соблекувалната на Келце, а негов прв „сосед“ е шпанскиот интернационалец Анхел Фернандез.