Новата руска ѕвезда – Екатерина Илина

Пред најважниот континетален настан закажан за крајот на годинава кој ќе се одржи во Унгарија и Хрватска, Европската ракометна федерација ги најавува играчите кои се очекува да бидат носители на играта на своите репрезентации.

Веќе неколку години четирикратниот светски шампион Русија не успеава да заврши на пиедесталот кога станува збор за големите натпреварувања, но сепак нацијата се уште продолжува да се произведува  големи ракометни таленти.

Една од најпознатите ракометарки во моментов во Русија е 23-годишната Екатерина Илина која неодамна ја засили екипата на Ростов Дон.

Во изминатава сезона, Илина со нејзините 41 погодоци помогна нејзината екипа Лада да го освои  женскиот ЕХФ куп (36:25, 32:32 во финалето против тимот на Есбјерг) и успешната сезона ја надополни со одлични настапи за националниот тим каде што успеава во квалификациите за Европското првевенство во Унгарија и Хрватска да ја погоди мрежата на противниците 16 пати.

Илина започнала да тренира ракомет на возраст од осум години во ракометната школа на Тољати. Уште од млади години, ракометот станува најважен дел од нејзниот живот.

“Кога бев малечка ги гледав ракометарките кои трчаа и ја фрлаа топката. Ова ме фасцинираше, и можеби ова беа моментите кога се роди мојата љубов кон ракометот и таа ме прати во текот на целиот мој живот”

“Бев во второ одделение  во основно училиште, кога јас и моите другарки бевме поканети на трениг. Од моментот кога се појавив на првиот тренинг па до ден денс никогаш не пропуштив ниедна тренинг сесија.”

Во дресот на Лада
Во дресот на Лада

Најголема заслуга за нејзиниот професионален развој оди на сметка на големиот руски Тренер Сергеј Војевода.

“По доаѓањето на тренерот Војевода ситуацијата се промени. Почнав да ги разбирам тактичките моменти на играта и тренерот посвети многу внимание на мојот развој што на крај доведе до развивање на моите ракометнти вештини.”

“Често пати носев видео натпревари дома и истите ги гледав бидејќи сакав да научам што е можно повеќе. Морам да кажам дека во ова време уживав да ги гледам натпреварите во  домашното првенство во кои настапуваше Лада која беше предводена од легендарниот Евгениј Трефилов”

Овој тим имаше толку многу ѕвезди во своите редови и јас тајно посакував еден ден и јас да настапувам  со тие големи ракометни имиња.

 

Во дресот на Кубан
Во дресот на Кубан

Брз напредок

Илина не чекаше долго време за нејзините соништа да станат вистина. Таа прави брз напредок од третиот тим на Лада во вториот тим и конечно во сезоната 2009/10 го облекува дресот на првиот тим.

“Гледајќи наназад на моите детски соништа јас постигнав многу успеси, особено со руската младинска и јуниорска репрезентација бидејќи со ние успеав да го освојам младинското Светското првенство во 2008 година, бронезениот медал на Европското првенство за играчи до 19 години во 2009 и среброто на јуниорското Светско првенство во 2010 година.

“Јас сум бескрајно среќна и благодарна на сите оние кои учествуваа во овие успеси, но факт е дека има уште многу предизвици кои стојат пред нас”

Најголем клубски успех

Кратко време откако го прави своето деби со тимот Лада, Илина прави трансфер во Кубан Краснодар, градот кој се наоѓа во јужниот дел на Русија блиску до Црното Море.

Во 2013 година нејзиниот договор завршува и таа одлучи да се пресели назад во матичниот клуб и да заигра повторно за Лада. Во нејзината прва сезона таа успеава да го освои ЕХФ Купот и да стигне до второто место во домашното првенство.

“Имав понуди да играм во странство, но иако јас преферирам да играм брз ракомет кои најдобрите клубови во светот во моментов го практикуваат во моментов се чуствувам поудобно на домашен терен. Сметам дека и нашите клубови треба да се движат во иста насока бидејќи ракомет е игра која постојано се развива”

Ekaterina+Ilina Russia
Во дресот на Руската репрезентација

За престојното Европско првенство, руската интернационалка е оптимист во врска сегашната форма на тимот и неговите очекувања.

“Во овој момент нашиот национален тим изгледа добро и ние играчите се разбираме едни со други, што е многу важно за една екипа.

“Очекувам добар резултат со мојот тим на Европското првенство кон крајот на оваа година и сите ние ќе се стремиме за ова и се разбира мојата желба е да се замешаме во борбата за медали.

“Имам многу цели што сакам да ги постигнам во ракомет и ќе се потрудам да го дадам својот максимум, бидејќи ракометот е мојот живот. Го сакам ракометот, и јас навистина уживам играјќи го овој спорт”