Ница и Колев немаа милост за Дижон

Тимот на Ница, кој е предводен од македонскиот стратег Марјан Колев, по победата во ЕХФ Купот, забележа и триумф во францускиот шампионат.

Ница на домашен терен славеше над составот на Дижон со убедливи 34-26, па со билансот од пет победи и три пораз, тимот на Колев се наоѓа на петтото место на табелата.

По овој меч, Ница ја чека реваншот против словачкиот Михаловце од второто коло на ЕХФ Купот, а потоа и тежок испит на гостувањето кај досега непоразениот Мец.