Ниту одличниот Димитриевски не го спречи поразот на Синфин

Тимот на Синфин Сантандер, каде што настапува македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски загуби од Гвадалахара со минимални 28-27, во натпревар од 26. коло од Асобал лигата.

Нашиот ракометар беше втор стрелец во Синфин и постигна четири голови од пет обиди, но ниту тоа не го спречи поразот, иако гостите имаа нерешен резултат во финишот.

Синфин сега има 22 бодови, но се оддалечи од местата што водат во европските купови. До крајот на Асобал лигата има уште четири кола.