Никлас Ландин: Останувам во Рајн Некар Ловен и наредната сезона!

По многубројните шпекулации за негово наводно преминување во Барселона, данскиот репрезентативен голман и член на Рајн Некар Ловен за данските медиуми изјави дека останува во Германија и наредната сезона.

По трансферот на Арпад Штербик во Вардар се погласни беа шпекулациите за трансфер на Ландин во Барселона.Сепак капитенот на данскиот национален тим напоменува дека останува во Германија.

– Јас не одам никаде вели Никлас Ландин додавајки:

– Немам многу што да размислувам. Ќе настапувам во Рајн Некар Ловен и следната сезона.

Најдобра лига на светот

Еден од најдобрите голмани на светот исто така истакна дека не ја смета шпанската лига за особено привлечна бидејќи првенството е решено уште пред да започне. Наместо да премине во супериорната Барселона, тој посакува да игра во лига каде ќе има борба за титулата.

– Посакувам да играм неизвесни натпревари во Бундеслигата, најдобрата лига на светот, вели Ландин.

Никлас Ландин минатата сезона беше прогласен за голман на годината во Бундеслигата.