Нике Грот потпиша за Оденсе

30-Годишната Корнелија Нике Грот на крајот од оваа сезона ќе си замине од европскиот шампион Ѓер и ќе се врати во Скандинавијата.

Таа потпиша договор на две години со данскиот клуб Оденсе, кој е предводен од стратегот Јан Питлик и тим што сезонава избори место во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Грот беше номинирана за најдобра ракометарка во светот и имаше важна улога во унгарскиот и европски шампион Ѓер.

Претходно ги бранеше боите на Холстебро и Митјиланд.