„Не одиме на Европско првенство за да се шетаме“

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина и покрај финансиските проблеми, сепак ќе настапува на Европското првенство. Еден од адутите на селекторот Билал Шуман ќе биде левиот бек Никола Прце.

„Некои наши желби не ни се исполнија. Сакавме да играме во Австрија, бидејќи таму сигурно ќе имаше повеќе наши луѓе. Нашата група е навистина тешка, ги имаме за ривали домаќинот Норвешка, Франција, која е светски, европски и олимписки првак, како и Португалија која напредуваше најмногу во минатите четири пет години. Тие имаат три силни кои играат во Лигата на шампионите и вложуваат многу во ракометот. Сигурно дека и во Трондхајм ќе имаме навивачи. Ќе се бориме, да кажам дека ќе победуваме, мислам дека тоа би било премногу. Самиот пласман на Европското првенство е успех за нас, но сигурно дека нема да одиме таму да се шетаме. Одиме да го дадеме нашиот максимум, па ќе видиме дали тоа ќе биде доволно за нешто повеќе“, изјави Прце.

Босна и Херцеговина ќе игра во норвешкиот Трондхајм  против домаќинот, Португалија и Франција, и ќе има тешка задача да избори место во следната фаза.