Не е само Вардар: Шего преговара и со европскиот шампион Монпелје

Унгарските медиуми пред неколку дена објавија информација дека голманот на ПИК Сегед, Марин Шего, е блиску до потпис со македонскиот шампион Вардар.

Но информациите до кои дојде 24Ракомет, велат дека хрватскиот репрезентативец е поблиску до премин во европскиот шампион Монпелје.

Францускиот тим на крајот останува вез Венсан Жерар, кој оди во ПСЖ, па во Шего гледаат идеална замена за францускиот репрезентативец.

Хрватот ја започна кариерата во тимот на Извиѓач Љубушки, а во текот на кариерата 33-годишниот голман беше член на Зрињски, Перутнина, Загреб, Висла Плоцк и Келце.

За хрватската репрезентација има 18 настапи, а се најде на списокот на селекторот Лино Червар за настап на Мундијалот во Германија и Данска, па најверојатно ќе брани против Македонија.