Несуденото засилување на Вардар во германски Лубеке

22 годишниот германски лев бек, Кристијан Дисинџер потпиша се гермаскиот бундеслигаш до 2016 година.  Тој направи голема пауза откако во април минатата година на натпреварот против Атлетико Мадрид заработи повредата на предните вкрстени лигаменти. Неговото враќање на ракометните терени беше поврзувано со екипата на македонскиот вицешампион, Вардар, но договор не беше постигнат. Затоа пак, несудениот играч на Атлетико Мадрид се усогласи со ставовите со екипата на Лубеке, која е екипа од средината на табелата во бундеслигата, една од ретките тимови со мнозинство германски ракометари, а меѓу позвучните странски засилувања е хрватскиот репрезентативец Љубо Вуковиќ.

Тренерот на Лубеке, Дирк Бучлер изјави:

„Кристијан има голем потенцијал, но сеуште му е потребно време по толку голема пауза. Постепено ќе го воигруваме со екипата, а тој сеуште има многу работа. Генерално, се вклопува во нашиот концепт, се разбира играта и во одбрана и напад е негова силна стрна“
Шансата и вербата која управата на бундеслигашот му ја доделуваат е мотив повеќе за Дисинџер да се врати во старата форма пред црната серија повреди.

“Пред се среќен сум што се враќам на терените. Се радувам на новиот предизвик, но свесен сум дека претстои тежок пат пред мене. Би сакал да одам чекор по чекор.“

Пред повредата 2.04м метри високиот бек настапуваше за Кадети Шафхаузен од 2011 до 2013. Потенцијалот на Дисинџер беше препознаен на Јуниорското светско првенство 2011 година, кога беше избран за „Најкорисен играч на турнирот“. Но пехот со повредите, прво во октомври 2011 предните вкрстени лигаменти на  левата нога, а потоа во април 2013 година и на десната нога го одалечија од најдобрите ракометни клубови во Европа.