Нема чување на предност, Македонија е подготвена да победи и во Клуж

Само три дена после првиот меч одигран во салата во СЦ „Борис Трајковски“ денеска репрезентативците на Македонија ќе го одиграат и вториот дуел од баражот за Мундијалот во Данска и Германија.

Македонија дојде во Клуж со убава предност од првиот натпревар и јасно е дека овие осум гола ќе треба да се зачуваат. Победата обезбедена во Скопје беше најава за одличен натпревар и на реваншот што значи дека осумте гола нема да се чуваат.

Во неделата во Скопје, Раул знаеше како да ги води момците во моментите кога беше навистина тешко. Тој знаеше како да им го зачува ритамот и да ги остави игра. Ја прочита играта на Чави Пасквал после само неколку минути игра. Оние 7 на 6 не беа никаква закана туку момците многу лесно успеваа да ги прочитаат Романците и лесно да ја зголемуваат предноста.

За само три дена и не може да се смени нешто во играта. Јасно е дека ќе мора речиси со идентичен ритам да се влезе во средбата. Не се очекуваат примени ниту од Раул ниту од Чави Пасквал во пристапот, а тоа значи дека ќе се игра максимално ангажирано од стартот на средбата.

Јасно е дека Романците ќе мора да притиснат бидејќи се во негатива. Тие немаат избор освен да влезат со сите сили од првата минута и да се обидат да дојдат до победата. Сепак, ниту Македонија нема да се предаде туку ќе тргне максимално ангажирано од првата минута и ќе направи сè што може со победа да ги заврши овие квалификации и на најдобар можен начин да се пласира на уште една завршница.

Секако, тоа ќе биде одлична можност да се ужива во нов натпревар на репрезентацијата на Македонија. Дуелот почнува од 17:30 часот, а Македонија влегува со предност од 32:24.