Нема одиграно ниту еден натпревар за тимот, а стана капитен!

Германскиот голман Андреас Вулф кој летово пристигна во Келце од наредната сезона ќе биде капитен на екипата. Негови заменици ќе бидат Алекс Душебаев и Игор Карачиќ.

Вулф го заменува Микал Јурецки кој замина во Фленсбург. Се очекуваше улогата на капитен да му припадне на Матеуш Јахлевски, но тој поради повреда нема да биде во составот на почетокот на сезоната. Па затоа Душебаев донесе изнанадувачка одлука штотуку пристигнатиот голман да биде капитен за наредната сезона.

„Бев изненаден од понудата да станам капитен на екипата по само неколку дена во клубот. Но ова е одлука на тренерите и сакам да помогнам на тимот со своето искуство. Сега морам да научам полски најбрзо што можам. Јас сум личност која има свое мислење и јасно можам да се изразам. Нема проблеми кога треба да се разговара со тренерите или со претседателот на клубот. Со задоволство ќе го запознаам тимот и сакам да бидам водач на Келце“, изјави Вулф.

Андреас Вулф пристингна летово од Кил и ќе виде огромно засилување на голот на Келце за следната сезона.