Немања Зеленовиќ во Орлен Висла Плок до 2016!

Десниот бек на Целје и на српската репрезетација, Немања Зеленовиќ од наредната сезона ќе настапува во Полска и ќе ги брани боите на Орлен Висла Плок do 2016.

Зеленовиќ се сели во Плок од екипата на Целје Пивоварна Лашко каде настапуваше 3 сезони. Пред тоа има играно за екипата на Црвена Звезда со која ја има освоено шампионската титула во Србија. Својот талент Зеленовиќ го презентираше на најдобар можен начин оваа сезона во лигата на шампионите каде постигна 59 голови и беше втор стрелец. Извонредната форма на десниот бек резултираше со пласман на репрезентацијата на Србија на Европското првенство во 2014 година, и една година претходно на Светкото првенство.

Роберт Пачковски ( извршен директор, Висла Плок):

Ние како клуб сме презадоволни од овој трансфер. Преговорите траеа малку подолго пред се поради тоа што Немања имаше валиден договор со Целје, и имаше многу другу клубови кои беа заинтересирани за неговите услуги. Се надевам дека Немања многу брзо ќе се аклиматизира во нашиот град, и на навивачите ќе им даде многу причини за славје.