Нексе се засили со ракометар од Турција

Екипата на Нексе, по заминувањето на еден од своите најдобри играчи Шиме Ивиќ, замена најде во турскиот репрезентативец Џан Челеби. Интересен трансфер за овие простори ако се знае дека турските ракометари ретко настапуваат во странски клубови, а доказ за тоа е трансферот на Челеби кој е единствен турски репрезентативец кој ќе настапува надвор од границите на својата земја.

Среќен сум што доаѓам во Хрватска, слушнав многу убави работи за ракометниот клуб Нексе. Да, ја сум единствен турски репрезентативец кој ќе настапува надвор од Турција, и верувам дека ова е голем чекот во мојата кариера. Мојот напредок ќе биде корисен и за мене, за Нексе, како и за Турската репрезентација.
Посебно се радувам што ќе можам да настапувам во СЕХА лигата, против извонредни клубови и играчи. Исто така задоволство ќе биде да се настапува и во ЕХФ купот, и в првенството на Хрватска. Верувам во себе, успешно ќе одговорам на предизвикот.

– изјави Челеби за клупскиот сајт на Нексе.

Џан Челеби досега во својата кариера има настапувано во турските екипи Мили Пјанго и Озел Идаре.