Некогаш тресеше мрежи за европскиот првак Вардар, сега ќе игра во Нови Пазар!

Некогашниот ракометар на Вардар и поранешен српски репрезентативец Добривоје Марковиќ, очигледно се ближи кон крајот на кариерата.

Левото крило, кое мина четири сезони во македонската престолнина и играше со Вардар во четвртфиналето на ЛШ, во новата сезона ќе игра за српскиот суперлигаш Нови Пазар.

Најдобрите денови ги мина во Вардар и во Загреб, а и со хрватскиот првак имаше успешни изданија во Лигата на шампионите.

Беше дел од српската репрезентација во 2012 година, кога беше освоен сребрениот медал на ЕП.