Неверојатен пресврт за 25 секунди (ВИДЕО)

Во 20. коло од  полската женска лига се одигра луд натпревар со неверојатна завршница. Се сретнаа екипите на Пјотрковиа, каде што настапува македонската интернационалка Зорица Десподовска и Јелениа Гора кој го добија домаќинките 27:26.

Пјотрковиа беше во изгубена позиција, на 25 секунди до крајот Јелениа Гора имааше предност 26:25 и напад за потврдување на победата, но сè тргна наопаку за нив. Една одбрана и една украдена топка во последните секунди беа доволни домашниот состав да забележи победа.

Што точно се случи погледнете во следново видео…