Најдобриот стрелец во историјата на АСОБАЛ лигата ја завршува кариерата

Шпанскиот ракометар Хуанин Гарсија одлучи да ја заврши кариерата на 41 година. Тој сезонава настапува во Адемар Леон, а последниот натрпевар ќе го одигра против Гвадалахара во последното коло од првенството кое е на програмата на 25 мај.

Хуанин Гарсија имаше желба да игра активно уште една сезона, сепак управата на Адемар не му понуди продолжување на договорот. Ракометарот својата одлука ја соопшти на официјалната прес конференција на клубот.

Освен за Адемар Леон, Хуанин Гарсија настапуваше и за Барселона со која освои 24 трофеи од 2005 до 2014 година. Тој е најдобриот стрелец во АСОБАЛ лигата со 2.637 постигнати гола. Со репрезентацијата на Шпанија во 2005 година стана светски првак, а исто така има освоено медали на Европско првенство и Олимписки игри.