Наѓ: И како спортски директор на Веспрем ќе имам највисоки цели

Довчерашниот десен бек на Веспрем и нов спортски директор на европскиот вицепрвак се огласи по повод својата нова улога. За официјалниот веб сајт на својот тим тој ги објасни своите цели на својата нова функција.

„Целите ми се потполни идентични како оние кога играв ракомет. Да придонесам што е можно повеќе за тимот и да му донесам голем успех. Веќе имам идеја како ќе работам овде. Очекувам возбудлива фаза во мојот живот. Мило ми е што бев во можност својата кариера да ја завршам токму во Веспрем. Бевме блиску до освојување на Лигата на шампионите, но не успеавме. Сега ќе се насочам кон тоа да му помогнам на тимот да ја освои Лигата на шампиони, но од поинаква улога“, заврши Наѓ.

Некогаш најдобриот играч во светот може да се пофали со богата ракометна кариера. Започна во ПИК Сегед од каде премина во Барселона. Таму освои се што може да се освои, а воедно беше избран за најдобар ракометар за 2011 година. Во 2012 му се придружи на Веспрем и таму ја заврши својата кариера.