Наѓ замина во легендите, Веспрем има нов капитен

Тимот на Веспрем, еден од ривалите на Вардар во Лигата на шампионите, во новата сезона ќе има и нов капитен.

Долгогодишниот предводник Ласло Наѓ минатата сезона ја заврши кариерата и замина во легендите, па унгарскиот тим мораше да одбере нов.

Станува збор за Мате Лекаи, еден од малкуте домашни играчи во унгарскиот шампион. Негови заменици ќе бидат Арпад Штербик, Мирсад Терзиќ и Андреас Нилсон.