Наумче Мојсовски и обложувачниците Моцарт го отворија Струшкиот турнир (ФОТО)

Во паузата меѓу првиот и вториот натпревар на Струшкиот турнир дојде до официјалната церемонија на Свечено отворање на игрите.

После дефилето на ракометарите од осумте екипи, свое обраќање кон публиката и играчите имаше претседателот на Струга, Наумче Мојсовски.

Наумче Мојсовски

Нему му се придружи и менаџерот на обложувачниците „Моцарт“ за Македонија, Васко Илијевски така што заедно го отворија 46. издание на Струшкиот турнир.

Васко Илијевски

Инаку, новата подлога на игралиштето на „Женска плажа“ е донација од обложувачниците „Моцарт“, а ова е само остарување на соработката која што беше најавена претходно. Подлогата беше наместена минатиот викенд, а отсега натаму средбите на турнирот ќе се играат на неа.