Нант и Кире тргнаа со победа, и годинава ќе бидат конкурентни

Иако со нов тренер, ракометарите на Нант влегоа и во оваа сезона со победа, а на домашен терен го совладаа составот на Данкерк со 29:24.

Сосема очекуван старт за Нант и триумф од пет гола разлика така што ова е доказ дека и сезонава домашниот терен ќе биде голема предност за тимот кој сега е предводен од поранешниот репрезентативец на Шпанија, Алберто Ентрериос.

На оваа прва средба во сезоната, Лазаров беше стрелец на два гола, а имаше 33,3 проценти реализација. Сепак, се работи за старт на сезона, па допрва ќе се крева формата кај сите ракометари.