Наместо во Вардар, заврши во Констанца како замена за Митревски

Египетскиот репрезентативен голман Карим Хендави, по две поминати години на голот на турскиот шампион Бешикташ, си заминува поради финансиските проблеми.

И лани и годинава, Хендави беше поврзуван со трансфер во европскиот шампион Вардар, имаше некои комбинации за преселба во Скопје, но тоа не се реализира.

Беше активиран план Б, а тоа е потпис со романскиот вицепрвак Доброгеа Суд Констанца, каде што ќе биде замена за Никола Митревски, кој се врати во Македонија.

Покрај Хендави, од Бешикташ си заминаа сите странции, вклучувајќи го поранешниот македонски репрезентативец Немања Прибак, и Нуиќ, Крсманчиќ и Буљубашиќ.