Намалена македонската колонија во Констанца – заминуваат Митревски и Маркоски!

Романскиот вицепрвак Констанца, кој загуби на двата натпревари од финалната серија од Динамо Букурешт, во следната сезона нема да има интернационалци од Македонија.

Голманот Никола Митревски и дефанзивецот Велко Маркоски не ги продолжија договорите и од лето ќе имаат нови средини.

На клупата останува поранешниот македонски селектор Звонко Шундовски, додека Бранко Ангеловски и понатаму ќе ја извршува функцијата спортски директор.

Покрај Митревски и Маркоски, од Констанца заминуваат уште шест ракометари. Станува збор за голманот Вјачеслав Салдаценка, бековите Далибор Чутура, Немања Младеновиќ, Никола Црноглавац, Јанко Кевиќ и Стеван Вујовиќ.