Му годи Шпанија: Димитриевски останува во Асобал лигата и следната сезона

Македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски, најверојатно и следната сезона ќе биде дел од Асобал лигата.

Како што дознава 24Ракомет, тимот на Синфин Сантандер веќе му понудил нов договор на нашиот бек, па се чека само на потврда од двете страни.

Димитриевски претходно беше дел од Сагунто и Адемар Леон, веќе е адаптиран во Шпанија, а веќе стана и лидер на Синфин, со кој има шанси за пласман во европските купови.