Мухамед Торомановиќ во француски Кретеј

Екипата на Кретеј продолжува да се засилува со ракометари од Балканот. По ангажманот на нашиот репрезентативен голман Борко Ристовски, францускиот тим се засилува и на позицијата пивот со името на Мухамед Торомановиќ. Босанскиот репрезентативен пикер доаѓа во Франција откако претходно три години ги бранеше боите на Висла Плок со која имаше настапи и во Лигата на шампионите. Во својата кариера популарниот “Торо” има настапувано и за екипата на Босна (2003-2008 година), и за дански Колдинг (2008-2011 година). Со репрезентацијата на Босна минатата недела во бараж дуелите против Исланд, успеа да направи историски резултат пласирајќи се на Светското првенство во Катар во 2015 година. Времетраењето на договорот сеуште не е познато.