Мојсовски за 24 Ракомет ТВ: Турнирот беше добар, имавме добра замена за оние што откажаа (ВИДЕО)

После завршувањето на 47. издание од Струшкиот турнир на кој триумфираше екипата на Аек, првиот човек на тимот на Струга и на овој турнир, Наумче Мојсовски го искажа своето задоволство околу тоа како се завршиле сите работи.

„Мислам дека најдовме добра замена за оние кои откажаа. На крај турнирот испадна добар. Малку послаб од лани во квалитет и со две екипи помалку, но веќе следната година ќе го вратиме сјајот, па дури можеби ќе биде и подобро. Веќе почнуваме да размислуваме и да работиме за следната година. Сега имаме луѓе кои ќе бидат одговорни само за турнирот за да не ни се случи како годинава да имаме екипи кои ќе се откажат на една недела пред почеток“, изјави Мојсовски за 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава во која говори и за екипата на Струга и за нејзините амбиции, можетеда ја погледнете во видеото во продолжение.