Мотор Запорожје со последниот билет за групата Д од Лигата на шампионите

Мотор Запорожје е победник на квалификацискиот турнир од група 2, кој се одржа во Австрија во градот Хард. Украинскиот шампион во финалето го покори португалскиот ФК Порто со 30-26 (17-12) и го обезбеди последното слободно место во групата Д каде ќе ги пречекаат: Киелце, Данкерк, Пик Сегед, Шафхаузен и Алборг.
1238-CSC_3628
Бурка со 9, Онуфриенко и Шевалев со 6 погодоци беа носители на играта на запорожјани и го одведоа Мотор во нова авантура во Лигата на шампионите, кај поразените Фераз со 9 и Дуарте со 5 не можеа да се спротивстават на расположениот противник.
Иако сеуште не е потврдено официјално, украинците натпреварите како домаќин ќе ги играат во Киев, во „Палата на спортовите“, која ги поседува потребните сертификати и има дозвола од ЕХФ за организирање на натпревари од највисоко ниво.
Ова ќе биде второ учество на украинскиот шампион во групната фаза од Лигата на шампионите, по успешните настапи минатата сезона.