Мораес и Борозан имаа “кецови” на дебито за Веспрем

Двајцата поранешни ракометари на Вардар, Рожерио Мораес и Вуко Борозан, кој со “црвено-црниот” тим освоија две титули во Лигата на шампионите, во новата сезона ќе имаат нов предизвик.

Тие се дел од унгарскиот гигант Веспрем и веќе го имаа своето деби. Веспрем во првиот пријателски натпревар го победи австрискиот Брегенц со убедливи 38-19.

Дејан Манасков за унгарскиот тим постигна 2 гола, додека Мораес и Борозан по еднаш се запишаа во листата на стрелците. На спротивната страна, поранешниот македонски репрезентативец – Влатко Митков, даде еден гол за Брегенц.

Пред стартот на унгарскиот шампионат, Веспрем ќе одигра уште еден контролен натпревар, на гостински терен, кај словенечкиот Целје Пивоварна Лашко.