ЛНХ:Монпеље ја предводи француската лига, Кретеј поразен во второто коло

Со убедливи 10 голови разлика во второто коло од француската лига, екипата на Монпеље ја најави својата кандидатура за шампионскиот пехар, „жртва“ на третопласираната екипа од минатата сезона беше Шамбери кој се враќа дома поразен со резултат 32-22.
Нант како гостин го изненади Трембле, победи со минимални 23-24 и со два бода го држи чекорот со Монпеље и Сесон Рен кои сеуште се непоразени.
Екипата на Борко Ристевски, Кретеј загуби на гостувањето во Аих-ен-Провенсе со резултат 29-26. Иако Борко Ристовски беше еден од подобрите ракометари на теренот со одбранети 11 удари (30,56%) не успеа да го спречи поразот на неговата екипа. Хуго Дескат беше најпрецизен за Кретеј со 8 постигнати голови, додека кај домаќинот Микаел Иљеш стрелаше перфектно осум пати. Екипата на Аих од минатата сезона е под диригетската палка на еден од најуспешните тренери во историјата на ракометот, Звонимир Сердарушиќ.
Сесон-Ренс со минимална победа го одржа чекорот со водечките екипи, како домаќин славеше со 25-24 против екипата на Тулуз.
По неочекуваниот пораз во првото коло од екипата на Сесон Рен на домашен терен, францускиот шампион Данкерк не дозволи повторно да биде изненаден, со резултат 27-25 ја совлада екипата на Нимс за првите бодови оваа сезона.
Во последниот натпревар од второто коло супер-тимот на Париз Сент Жермен има можност да му се приклучи на Монпеље на врвот на табелата на гостувањето во Сент Рафаел, натпреварот е на програмата денес во 20:45 .