Младеновски и Павловски верни на ЗОМИМАК-М уште една година

27 годишниот лев бек на струмичани, Јовица Младеновски и одличниот пикер Игор Павловски денеска ја продолжија соработката со Зомимак-М и се обврзаа уште една година да ги бранат боите на „Рисовите“. Тие му се придружија на Реваз Чантурија, кој прв го продолжи договорот со третата екипа во македонскиот шампионат.
Струмичани очекуваат да го задржат костурот на екипата од минатата сезона,  па во текот на следните два дена уште пет играчи ќе ја продожат својата верност.
Зомимак-М ќе се обиде да го повтори успехот од минатата сезона во Купот на ЕХФ, затоа стручниот штаб е во преговори со уште неколку домашни и странски играчи кои ќе бидат новите засилувања за следната сезона.