Митревски за 24Ракомет ТВ: Добро е ривалите да не сметаат за аутсајдери (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски по четири сезони надвор од Македонија, се реши за камбек во татковината.

Тој беше дел од Пелистер, Вардар и Металург, а потоа бранеше за португалската Бенфика и романската Констанца, а сега се врати во родниот град, но во Еурофарм Работник.

„Имаме група која „лаже“, од аспект на другите екипи ние сме аутсајдери, но добро би било кога така би не сфатиле, а ние ќе се подготвуваме на секој меч да одиме на победа“, вели Митревски.

Целосната ијзава за 24Ракомет ТВ погледнете ја во видео прилогот…