Митова е херој на Сондерјиске, погоди за победа над Гудме во последната минута

Тимот на Сондерјиске каде што настапуваат двете македонски интернационалки Сара Митова и Драгана Петковска забележа победа во 11 коло од Првата данска дивизија.

Сондерјиске славеше минимално со 27-28 над некогаш прославениот Гудме, а токму левото крило Митова беше стрелец на победничкиот гол во последната минута.

Сондерјиске сега има 14 бодови и останува во игра за пласман во најсилната данска конкуренција заедно со Бјерингбро и Хорсенс.

Во следното коло, Митова и Петковска ќе играат на домашен терен против ДХГ.