Митков пред елиминација од австрискиот ракометен ,,плеј-оф”

Во австриската машка ракометна лига се играат полуфиналните натпревари од ракометниот ,,плеј-оф’’. Секако за нас поинтересен е првиот полуфинален натпревар помеѓу екипите на Кремс и Алпла, бидејќи во екипата на Кремс настапува нашиот репрезентативец Влатко Митков.

По првиот натпревар на кој славеше на домашен терен со 26-23, Алпла успеа да направи брејк и на гостински терен совладувајќи ја екипата на Кремс со 27-28 и се наоѓа на чекор до пласман во финалето. Екипата на Митков не заслужи пораз на овој натпревар бидејќи скоро во текот на сите 60 минути имаше постојано водство помеѓу 1 и 3 голови разлика. Алпла, пресвртот го направи на самиот крај на натпреварот кога на 4 секунди пред крајот успеа да поведе со 27-28 со што го постави конечниот резултат и се наоѓа на една победа пред пласман во финалето. Митков беше еден од подобрите во својот тим постигнувајќи 5 погодоци.

Следниот натпревар помеѓу овие две екипи се игра на 17.05 2014

Втор полуфинален натпревар од австрискиот ракометен ,,плеј-оф’’:

9.05.2014  Инсигнис Хендбол- Рајфајзен Фиверс  (13-14) 22-28  ( се игра до 3 победи)