Миркуловски како во најдобрите денови, Вецлар ја прекина црната серија

Тимот на Вецлар, каде што настапува поранешниот македонски репрезентативец Филип Миркуловски, славеше над составот на Минден во Бундес лигата.

По четири порази и едно реми, Вецлар се врати на победничките патеки и на домашен терен беше подобар од Минден со 26-23.

Најзаслужен за победата беше токму Миркуловски, кој постигна шест погодоци и подели многу асистенции до соиграчите.

Вецлар сега е на 10. позиција, а следниот натпревар го игра на гостински терен кај Гепинген.