Миркуловски и Талески стартуваат во новата Бундес авантура на крајот од август

Германската Бундес лига денеска го објави распоредот на натпревари во првите четири кола. Лигата ќе започне на 23 август во кој ќе се одиграат три натпревари. Нашите репрезентативци, Миркуловски и Талески своите први натревари ќе ги одиграат на 26 август.

Екипата на Рајн Некар Левен за која настапува Филип Талески својот прв натпревар го игра дома против екипата на Лемго, а во истиот ден нашиот Филип Миркуловски со Вецлар ги отвара своите надежи за успешна сезона против тимот на Битингхајм.

Во продолжение можете да го погледнете распоредот на натпревари на нашите репрезентативци во првите четири кола.

1. коло: Рајн Некар Левен – Лемго и Вецлар – Битигајм

2. коло: Лемго – Вецлар, а натпреварот што треба да го изигра Рајн Некар Левен е одложен

3. коло: Вецлар – Магдебург и Рајн Некар Левен – Мелсунген

4. коло: Штутгарт – Вецлар и Рајн Некар Левен – Битингхајм