Минимален пораз за тимот на Ливриниќ и Јовановска

Екипата на Данубиус Галаци загуби на домашен терен од составот на Униреа со 20:21, но она што може да радува е дека македонските репрезентативки Елена Ливриниќ и Дајана Јовановска играат стандардно.

И двете македонски ракометарки се во добра форма и редовно се меѓу подобрите во тимот на Данубиус Галаци. На оваа средба Ливриниќ беше стрелец на три погодоци со што беше втор стрелец во тимот, додека Јовановска имаше еден гол.

Инаку, она што е одлика на овој тим е одбраната, па на двете средби од почетокот на сезоната примија малку голови. Првиот дуел беше со 14, а овој со 21 гол така што јасно е каде е ставен акцентот сезонава.