Миклер: ПИК Сегед е мојата прва љубов!

На специјална прес конференција ПИК Сегед ги презентираше засилувањата за наредната сезона. Откако минатата година во клучните наптревари потфрлија и останаа без ниту еден освоен трофеј за наредната сезона се надеваат на титули во сите натпреварувања.

На пресот беа претставени голманот Роланд Миклер кој се враќа во поранешниот клуб, хрватот Лука Степанчиќ и Богдан Радивојевиќ. После пет сезони во Веспрем, Миклер се враќа во Сегедин со високи амбиции за наредната сезона.

„Мојот град не е променет многу. Сегедин е мојата љубов. Имаме одличен тим и супер мотивација за да го освоиме домашното првенство и купот, исто така и да стигнеме до завршниот турнир во Лигата на шампионите. Сигурен сум дека оваа година ќе успееме но сè уште има многу работа пред нас“, рече Миклер.

Претходната сезона ПИК Сегед во Лигата на шампионите беше сопрен од Вардар а во домашното првенство Веспрем не им дозволи да стигнат до трофеј.