Мешков го врати Еурофарм Работник чекор назад, но четврт-финалето е на дофат (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Еурофарм Работник претрпе нов пораз од тимот на Мешков Брест во СЕХА лигата, а овој пат тоа се случи на домашен терен со резултат 32:35.

Тимот од Битола не успеа да најде начин како да го сврти мечот во своја полза со оглед на тоа што од почеток до крај екипата од Белорусија беше во предност и постојано имаше позитива. Во таквиот ритам неколкупати се доаѓаше до нерешен резултат, но секогаш кога требаше да се дојде до пресврт и да се поведе работите не одеа најдобро.

Ниту еднаш тимот на Еурофарм Работник не дојде до предност, па на крајот поразот беше неизбежен со оглед на тоа што противникот имаше постојана контрола на средбата и знаеше како д се избори за трите бода на ова гостувањето во Битола. Иако со комбиниран тим, сепак, ракометарите на Мешков Брест знаеја како до победа така што си заминаа со три важни поени.