Мехмедовиќ: Дојдов во Букурешт бидејќи сакам да напредувам (ВИДЕО)

Долгогодинешната ракометарка на Будуќност – Мајда Мехмедовиќ, сезонава го одигра првиот натпревар во нејзинот нов клуб – ЦСМ Букурешт.

Актуелниот освојувач на Лигата на Шампионите – Букурешт влезе како фаворит во натпреварот од романскиот Суперкуп против Роман и ја оправда улогата со што запиша нов успех во историјата на клубот.

Во изјавата подолу, Мехмедовиќ говори за новата средина како и за очекувањата во Лигата на Шампионите.

ФОТО: Мариус Јонeску (Marius Ionescu)