Металург ја започнува продажбата на поединечните билети за натпреварот со ПСЖ

Утре (четрврток, 25.09.2014 година) екипата на Металург ќе ги пушти во продажба поединечните билети за натпреварот со ПСЖ. Продажбата започнува од 12:00 часот, а ќе се реализира во продажните салони на “Оне” во Скопје и Македонија, како и онлајн на www.karti.com.mk.

Цени по категории:

1 категорија- блокови Б7, Б8, Б9 = 200 денари
2 категорија- блокови Б5, Б6, Б10, Б11= 300 денари
3 категорија- блокови Б2, Б3, Б4, Б12, Б14,Б15, М7, М8, М9= 400 денари
4 категорија- блокови М1, М2, М3, М4, М12, М13, М14, М15=500 денари

Натпреварот од 1-то коло на Лигата на шампионите, меѓу Металург и екипата на Пари Сен Жермен, ќе се одржи на ден 28.9.2014 година (недела), со почеток во 19:00 часот.