Металург на една победа до титулата

Во натпревар од претпоследното коло на македонската Супер Лига, Металург ја помина и последната сериозна пречка, на патот кон насловот првак на Македонија. Денес во последниот натпревар пред своја публика, избраниците на Лино Червар го совладаа тимот на Зомимак М со резултат 32-27 (16:15).
Иако резултатот не говори за неизвесноста на дуелот, Зомимак достојно се носеше со големиот Металург 50 минути. Сепак последните десет минути ракометарите на Металург ја сфатија сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаат и со дисциплинирана игра го одведоа напреварот до посакуваниот крај. Најефикасен на натпреварот беше новиот македонски репрезентативец, Ренато Вугринец со осум погодоци.