Металург го очекува фудбалска атмосфера кај Спортинг во Португалија (ВИДЕО)

На гостувањето во Лисабон ракометарите на Металург ги очекува вистинска фудбалска атмосфера бидејќи фановите се секогаш расположени за навивање како да се работи за натпревар на фудбалскиот клуб.

Од она што може да се забележи од снимките од салата во Лисабон дефинитивно ќе биде пеколко така што ова ќе биде едно од најтешките гостувања за играчите на Металург во групата Д од Лигата на шампионите. Според распоредот тоа ќе биде последниот меч од групната фаза за Металург и ќе биде одигран на крајот на ноември или почетокот на декември.

Во оваа група играат уште и екипите на Мотор Запорожје, Монпеље, Бешиташ и Чеховски медведи. Само првите две екипи одат во следната фаза.