Маџовски за 24 Ракомет ТВ: Постојано бркавме негатива, неискуството го стори своето (ВИДЕО)

Екипата на Еурофарм Работник во две различни полувремиња не успеа да ја стартува сезоната во Лигата на шампионите на најдобар можен начин. Поразот од 29:30 е секако тежок особено ако се знае дека битолчани имаа убаво прво полувреме.

„Имавме одлично прво полувреме, но потоа на стартот на второто имавме недисциплина во играта во нападот каде што дозволивме Спортинг лесно да не контрира. Потоа откако влеговме во негатива моравме постојано да бркаме резултат. Сепак, неискуството си го стори своето“, изјави Маџовски за 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.