Мартин Швалб излезе од болница

Конечно добри вести за поранешниот тренер на Хамбург, Мартин Швалб. По претрпениот срцев удар,по кој му беше извршена операција тој во средата навечер ја напушти болницата во Хамбург и беше пуштен на домашно лекување.

Среќен сум што сум дома покрај своето семејство. Би сакал да им се заблагодарам на сите доктори од болницата Хеидберг.

-изјави Швалб за официјалниот сајт на клубот.

Сеуште не е познато каква ќе биде иднината на Мартин Швалб на спортски план. Екипата на Хамбург го постави Кристијан Гаудин за нов тренер, додека пак некој локални медиуми шпекулираат дека Швалб би можел да биде именуван за нов спортски директор на клубот.

Во наредните неколку дена ќе започнам со процесот на рехабилитација. Во овој момент одморот и моето закрепнување се најважни.