Мартин Поповски презадоволен: Во Вардар играат светски играчи од кои можеме многу да научиме

Младите ракометари во тимот на Вардар, Мартин Поповски, Даниел Ѓорѓески и Тоше Ончев добија шанса и успеаја да ја искористат. Иако минутажата не беше многу голема, сепак, покажуваат дека заслужуваат да играат и повеќе.

„Вардар е европски првак, а конкуренцијата е голема. Среќен сум што тренерот ми дава шанса колку што дозволува резултатот. Во оваа екипа играат играчи од светски калибар и јас можам да бидам задоволен што можам од нив да учам. Се надевам дека ќе продолжам да напредувам и дека ќе се вратам со добри игри еден ден“, вели Мартин Поповски кој имаше одличен цепелин на дуелот против Брест.

На оваа средба Поповски влезе во финишот, но одлично се снајде на теренот, па и самиот има причина ад биде задоволен.

„Ова беше важен натпревар. Очекувавме многу од Брест и да биде тешко. Важно е што победивме бидејќни ни доаѓа Лига на шампиони и сакаме да продолжиме во овој стил и во натпреварувањето каде што ја браниме титулата. Ќе биде многу тешко. Сите ќе гледаат кон Вардар како сензација и ќе сакаат да не победат. Свесни сме и го очекуваме тој притисок. Ако се подготвиме ќе го надминеме тоа“.

Вардар има три од три на стартот од сезоната во СЕХА-лигата, а младите ракометари коишто беа приклучени кон првиот тим полека добиваат шанса и секој од нив ја користи колку што може повеќе. Сите играчи се во комбинација за настап така што тренерот Раул Гонзалез полека ги уфрла во игра и им дава можност да допринесат.

„Младите се покажуваат во одлично светло, но има уште многу да учат. Драго ми е што напредуваат и што можеме да сметаме на нив. Засега го искористуваат она што го добиваат така што досегашните впечатоци се позитивни“, коментираше тренерот Раул Гонзалез после мечот против Брест Мешков.