Марија Штеријова во унгарски ВAЦ

На неполни две кола пред крај на сезоната во домашното првенство, Вардар СЦБТ ја потврди својата доминација освојувајќи ја двојната титула во македононскиот шампионат. Затоа пак станува интересен тимот кој се формира за наредната година, а не ја вклучува поранешната македонска репрезентативка Марија Штерјова.
DSC_0240
Таа својата кариера ќе ја продолжи во унгарскиот шампионат, во екипата на ИПРЕС ЦЕНТАР ВАЦ. Тимот е основан во 1949 година, а во 1998 година пристапува на најквалитетната лига. Од тогаш, тимот се подобрува од година во година за да ги постигне своите најдобри резултати во 2010 година, со освојувањето на третото место во домашното првенство. Сепак, во 2011 година, главниот спонзор на клубот се повлекува, а екипата на Вац (н.з.Vác) мора да го намали својот буџет при што останува без повеќето клучни играчи. Штеријова со екипата на Вац ќе се обиде да го повтори најголемиот клубски успех, пласманот на третото место и повторно да ја придобие довербата на селекторот на македонската репрезентација за наредниот циклус квалификации.