Марина Ламбевска нова ракометарка во РК Крим Меркатор

Поранешната македонска репрезентативка, Марина Ламбевска од следната сезона ќе настапува за екипата на Крим Меркатор од Словенија.

Ламбевска по една сезона помината во Астраханочка, се реши да го засили словенечкиот шампион, со цел подобро претставување во Лига на шампионите. Иако овој клуб имаше големи финансиски проблеми во изминатата сезона, сепак раководството на клубот  најде начин за понатамошно функционирање на Крим.

Марина Ламбевска две сезони го носеше дресот на Кометал Ѓорче Петров (2006-07, и 2007-08) . Освен за Кометал, Марина Ламбевска настапуваше и за РК Кубан Краснодар, Подравка, Лада Тољјати, и Динамо Волгоград.

Претходно клубот ја ангажираше и Мирјета Бајрамовска од ЖРК Металург.