Манасков: Очигледно не ни се пишува добро (ВИДЕО)

Дејан Мансков беше еден од позабележителните поединци во репрезентацијата на Македонија во првиот круг на СП. Левото крило смета дека Македонија даде се од себе во досегашниот дел од СП, но тоа не е беше доволно за поголем резултат.

„Првиот дел не го одигравме лошо, имавме два гола разлика, имавме контрола. Во второто полувреме почнавме 7 на 6, не одеше, Исланѓаните успеаа да ги затворат пасовите до пивотите, немавме идеја. Беа нијанси во прашање, но секој пат се нијанси во прашање. Тешко е да пронајдеме мотивација за следните два натпревари, па да се мисли што понатаму. Очигледно не ни се пишува добро. Уморни, ќе пробаме, ќе дадеме се од себе“- изјави Дејан Манасков.

Целосната изјава на Манасков погледнете ја во видео прилогот….