Манасков : Кузмановски нè понесе кон победа

Ракометната репрезентација на Македонија издвојува втора победа на Европското првенство во Хрватска против репрезентацијата на Црна Гора и се искачи на првото место во групата Ц. Дејан Манасков беше еден од најзаслужните за победата и искрен во своите изјави дека натпреварот не го почнаа како што посакуваа но е среќен за освоените два бода.

„ Не отворивме како што треба. Одбраната имаше испади кои не требаше да ги правиме. Пикерите доаѓаа лесно до шанса. Во вториот дел одбраната беше подобра. Имавме повеќе интервенции. Филип Кузмановски не понесе. Одигра фантастично и тој е еден од најзаслужните за победата “ – изјави Манасков 

Со оваа победа Македонија е сигурен патник за Вараждин во втората фаза од Европското Првенство.