Манасков и Веспрем убедливи на отварањето на сезоната

На отворањето на новата сезона во Унгарија, тимот на Веспрем одигра очекувано на средбата против Дабас и беше забележана убедлив победа од 36:17. Македонскиот интернационалец Дејан Манасков покажа дека е во одлична форма на почетокот на сезоната и мечот го заврши со три погодоци.

Апсолутниот фаворит на натпреварот го одработе мечот како лесен тренинг. Веќе на полувремето беше решен победникот кога Веспрем имаше водство 19:9. Во продолжение на дуелот предноста постојано растеше за на крајот домашниот состав да оствари победа со дури 19 гола разлика.

Давид Дејвис продолжи со неговата практика да ја дели минутажата на своите играчи. И на овој натпревар на левата крилна позиција Дејан Манасков и Мануел Штрлек добија во едно полувреме. Манасков играше во вториот дел и успеа да погоди трипати од четири обиди. Најефикасни беа Штрлек и Маргуч со по шест гола.

Со оваа победа Веспрем најавува дека е одлично подготвен за новата сезона и со новите засилувања во екипата ќе атакува на највисоки дострели во претстојната сезона.

Вуко Борозан и Рожерио Мораеш ќе почекаат за официјално деби со оглед на тоа што денеска не беа во состав.